- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 382.23 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 22, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.31/2016
„Согласно со член 81 став 1 точка 1, 2 и 3 од Законот за работните односи, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување со отказен рок, ако: не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот; не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски; не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното место.
Согласно член 30 став 1 од истиот закон, работникот е должен совесно да ја извршува работата на работното место за кое што склучил договор за вработување, во време и на место, кои што се определени за извршување на работата, почитувајќи ја организацијата на работа и деловната активност на работодавачот.
(...) според наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, при состојба кога неспорно е утврдено дека тужителот по однос на четворицата потрошувачи сторил повреда на работен ред и дисциплина, притоа имајќи во предвид дека предмет на спор е одлука за откажување на договорот за вработување поради повреда на работен ред и дисциплина и неисполнување на работни обврски согласно со законските одредби од ЗРО, и според овој суд судовите имаат надлежност само да утврдат дали работодавачот донел одлука за откажување на договорот за вработување која по својата содржина е или не е во согласност со законот, од што произлегува дека оценувањето на степенот на одговорност на тужителот, условите под кои е сторена повредата на работните обврски, тежината на повредата и последиците предизвикани од неа му припаѓа на работодавачот при изрекувањето на дисциплинската казна, а не на судот. Заради истото, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека заради неспорно утврдената повреда сторена од страна на тужителот по однос на корисниците М. М., С. А., С. Ѓ. и Б. Б. со што тужителот истовремено сторил дејствија на несовесно извршување на работните задачи и повреда на работниот ред и дисциплина, исполнети се условите за изрекување на отказ на тужителот од страна на тужениот.”