Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.36/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 219.65 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 17, 2015
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.36/2015

„Врз основа на утврдената фактичка состојба од страна на првостепениот суд, која е прифатена и од страна на второстепениот суд, по наоѓањето и на овој суд, пониските судови правилно го примениле материјалното право, кога го одбиле тужбеното барање на тужителот. Ова, со образложение дека во конкретниот случај тужителот со ненавремената уплата на дневниот промет во благајната на тужениот, го прекршил работниот ред и дисциплина во смисла на член 81 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, односно ги сторил повредите од член 82 став 1 точка 5 и од член 81 став 1 точка 11 од Законот за работните односи.

Врховниот суд на Република Македонија, ги имаше во предвид ревизиските наводи на ревидентот, дека пресудите на пониските судови се нејасни и контрадикторни за утврдување на решителните факти, во смисла на тоа дека од сметководствената служба на тужениот не бил утврден кусок со комисиски записник, како и дека висината на кусокот од 404.755,00 денари е книжена како салдо на благајната на ден 30.04.2013 година, меѓутоа ги оцени како неосновани. Во таа насока, при неспорен факт дека тужителот уплатата во износ од 404.755,00 денари која се однесувала за период од 01.01.2013 година до 30.04.2013 година, ја извршил по поднесување на предлогот за поведување на дисциплинска постапка, според наоѓањето на овој суд, правилно е становиштето на пониските судови дека на овој начин тужителот извршил кршење на работниот ред и дисциплина, постапувајќи спротивно на актите на тужениот и одредбата од член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи. Ова дотолку повеќе ако се има во предвид пописот и описот на работните задачи за работното место на тужителот - "благајник на склад" според актите на тужениот, односно дека треба како благајник да врши предавање на парите секојдневно на касата на благајната во Подружницата или директно во банката (по договор со раководителот на Подружницата). Од друга пак страна и самиот тужител на седницата за главна расправа пред Комисијата за водење на дисциплинска постапка кај тужениот од 20.09.2013 година, признал дека грешката е во тоа што прометот секојдневно требал да се уплаќа, а видно од списите по предметот тоа не е сторено од негова страна.

Неосновани се ревизиските наводи на тужителот, по однос на тоа дека кусок во работењето на тужениот не можело да се утврди без да се изврши редовен годишен попис на крајот на годината, или вонреден попис кој се врши по потреба и по барање на менаџментот на тужениот, па поради тоа дека не може да му се изрече престанок на работниот однос. Ова од причина што, фактот што не бил спроведен попис кај тужениот не значи дека тужителот не сторил кршење на работниот ред и дисциплина преку невршењето уплата на дневниот промет. Ова особено ако се има во предвид и фактот дека на тужителот и со решението под бр. 04-09/204 од 09.07.2012 година му е изречена дисциплинска мерка - парична казна поради потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и небрежно вршење на работите и работните задачи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1162/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право