Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.41/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 274.44 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 4, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.41/2017

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија второстепениот суд правилно го применил материјалното право кога тужбеното барање на тужителите го одбил како неосновано.

Имено, имајќи во предвид дека од изјавите на вработените кои работеле во втора смена критичниот ден, дадени пред Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност, а пред се од писмените изјави своерачно потпишани од страна на самите тужители, неспорно произлегува дека тужителите на ден 07.03.2016 година за време на работа во втора смена конзумирале алкохол, со сигурност може да се заклучи дека тужителите со своето однесување сториле повреда од член 82 став 1 точка 4 од Законот за работните односи, која повреда била предвидена и во Правилникот за работен ред и дисциплина на вработените кај тужениот од 02.09.2015 година, по кој основ им е откажан договорот за вработување.

Во ревизијата на тужителите се укажува на тоа дека решенијата за престанок на работниот однос на тужителите се незаконити бидејќи не било утврдено конкретно и поединечно за секој од тужителите дека конзумирал алкохол и во која количина.

По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија вака истакнатите ревизиски наводи се неосновани од причина што и двајцата тужители потпишале поединечни изјави во кои признаваат дека конзумирале аклкохол критичниот ден, а воедно и од сите изведени докази и тоа пред се писмените и усните искази на вработените кои биле на работа втора смена заедно со тужителите, дадени пред Комисијата формирана за спроведување на дисциплинска постапка неспорно произлегува дека и двајцата тужители критичниот ден конзумирале алкохол.

Количеството пак на конзумираниот алкохол од страна на тужителите е без влијание за утврдување на сторена повреда од член 82 став 1 точка 4 од Законот за работните односи од причина примената на оваа одредба не е условена со количеството на конзумираниот алкохол.

Неоснован е и ревизискиот навод дека решенијата за престанок на работниот однос на тужителите биле донесени во незаконито спроведена постапка од причина што дисциплинската постапка кај тужениот била во целсот спроведена согласно Правилникот за работен ред и дисциплина на вработените кај тужениот од 02.09.2015 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1420/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право