Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.45/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 354.16 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 19, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.45/2018

„Во конкретниот случај, околноста дека не била поднесена пријава до работодавачот од страна на раководителот на погонот или раководител на служба во која работи работникот, во која се изнесуваат факти и докази за стореното кршење на ред и дисциплина и сторителот на кршење на работниот ред и дисциплина и дека тужениот не овластил лице кое ќе ја спроведе дисциплинската постапка, согласно член 73 од Колективниот договор на тужениот, не ја чини незаконита донесената одлука за откажување на договорот за вработување на тужителот. Имено, во текот на постапката било утврдено дека од страна на обезбедувањето на тужениот била направена вонредна проверка на местото јаловиште бр. 3, каде биле забележани работни материјали и предмети во сопственост на тужениот, а тужителот заедно со лицето С. В., управник од Реагенсното одделение каде работел тужителот, биле затекнати на местото со намера да ги превземат работните материјали. Оттука, како раководителот на тужителот учествувал во настанот, основани се ревизиските наводи дека во случајот не може да биде исполнет предвидениот услов, пријавата за кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски до тужениот да биде поднесена од лицето кое било овластено за превземање на такво дејствие, согласно одредбата од член 73 од Колективниот договор на тужениот.

Врз основа на изведените докази, меѓудругото било утврдено дека за настанот било известено одговорното лице М. В. кај тужениот и случајот бил пријавен во ПС К., од каде било излезено на лице место и издадена била потврда за привремено одземени предмети, а од страна на тужениот до МВР ПС К. била поднесена пријава од 26.01.2017 година, за извршена кражба на предметите за Н. Н. лица, вработени кај тужениот. Во насока на утврденото, а со оглед да на ден 26.01.2017 година, на тужителот му била врачена одлука за негово отстранување од работа бр.04-153/1, поради кршење на работниот ред и дисциплина - постоење сомневање за сторување на кражба, според овој суд, истиот бил запознаен со околностите на предметниот случај, односно со фактите и доказите за постапката која била поведена од страна на тужениот за стореното кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, имајќи предвид дека на тужителот му било овозможено писмено да се изјасни за настанот и за наводите на тужениот како спротивната странка, произлегува дека во случајот било запазено начелото на контрадикторност, преку кое се обезбедува рамноправност на страните во заштита на правата кои им припаѓаат согласно закон и во спротивставување на мислењата и ставовите за околностите, а со цел правилно утврдување на фактичката состојба во постапката.

При ваква состојба на работите, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека тужителот на критичниот ден сторил кршење на работниот ред и дисциплина со сторување на кражба, па оттука се исполнети условите да му биде откажан договорот за вработување без отказен рок согласно член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи, а тужениот, согласно со член 72 од Законот за работните односи, во образложението на оспорената одлука, ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.13/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право