Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.46/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 212.25 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 27, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.46/2015

„Со оглед да е утврдено дека со дејствијата кои ги вршел тужителот, односно како сопственик на своја фирма која вршела иста дејност како и тужениот, ги користел просториите и опремата од тужениот за свои потреби, наплаќал трошоци за својата фирма од фирмата на тужениот, воспоставувал должничко-доверителски однос помеѓу неговата фирма и тужениот и на тој начин направил судир на интереси помеѓу фирмата на тужителот и тужениот, и не се придржувал на прописите што важат за вршење на работното место, произлегува дека тужениот основано ја донел одлуката, со која на тужителот му е откажан договорот за вработување, согласно одредбите од член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи.

Неосновани се наводите во ревизијата дека во случајот не биле исполнети условите од одредбите на член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи и дека одлуката за престанок на работниот однос не е донесена во претходно спроведена законита постапка. Имено, од утврдените докази произлегува дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, а за кои согласно одредбите од член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи, произлегува основ работодавачот на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок, поради што Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека оспорената одлука од тужениот е правилна и законито донесена.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.256/2014
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право