- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 451.66 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 26, 2017
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.59/2016
„(...) Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека во конкретниов случај не се исполнети законските услови предвидени во член 81 од Законот за работни односи за да може да се донесе предметната одлука за откажување на договорот за вработување, а од причина што во текот на постапката не се докажало дека сега тужителот не ги почитувал работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, не ги извршувал или несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски и дека не се придржувал кон прописите што важат за вршење на работите на работното место. Имено, во конкретниов случај не се докажало дека сега тужениот ги сторил повредите наведени во образложението на сега оспорената одлука, туку во конкретниов случај од изведените докази се утврдило дека истиот совесно и грижливо ги извршувал своите работни задачи и истиот вршел активирање и деактивирање на магнетните картички согласно добиваните извештаи од Одделението за грижа на корисници, односно во текот на постапката се докажало дека истиот активирањето и деактивирањето на магнетните картички не го вршел со цел на сега тужениот да му предизвика материјална штета, односно се утврдило дека сега тужителот не го повредил работниот ред и дисциплина бидејќи од изведените докази неспорно се утврдило дека истиот во извршувањето на своите работни задачи во целост го почитувал Правилникот за систематизација на работните места, а од друга страна се утврдило дека сега тужителот не добивал навремени извештаи од Одделението за грижа на корисници за важноста на договорите по кои тој подоцна вршел активирање и деактивирање на магнетните картички кои како повреда се наведени во одлуката за откажување на договорот за вработување, при што и според Врховниот суд на Република Македонија правилен е заклучокот на пониските судови дека сега тужениот во текот на постапката не доставил ниту еден од договорите наведени во образложението на сега оспорената одлука како би можело да се утврди периодот на важност на истите, а како би можело да се изврши споредба со периодот на валидност на магнетните картички, односно не биле доставени службени мејлови од Одделението на грижа на корисници како би се утврдило дека сега тужителот вршел активирање, односно деактивирање на картичките спротивно на важноста на склучените договори на корисниците со сега тужениот. Заради истото во конкретниов случај правилен е ставот на пониските судови дека во образложението на побиваната одлука сега тужениот не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот со што истиот постапил спротивно на член 71, 72 и 85 од Законот за работните односи. Истовремено, сега тужениот постапил и спротивно на чл. 73 од истиот закон бидејќи во текот на постапката не доставил доказ од кој би можело да се утврди дека писмено го предупредил тужителот за неисполнувањето на обврските и можноста на отказ во случај на натамошни кршења на истите.
Заради сето погоре наведено, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека правилно пониските судови ги поништиле како незаконити спорните одлуки од причина што останало недокажано дека тужителот не ги почитувал работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, не ги извршувал или несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски и дека не се придржувал кон прописите што важат за вршење на работите на работното место, односно сега тужениот не доставил доказ од кој би можело да се оправдаат причините наведени во образложението на оспорената одлука.”