Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.59/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 246.64 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 15, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.59/2018

„(...) второстепениот суд повикувајќи се на Актот за систематизација, опис и попис на работното место, каде се определени работните задачи на тужителот и Процедурите за дозволено пречекорување во трансакциона сметка од јануари 2013 година, образложил дека тужителот не можел самостојно да врши зголемување, намалување на дозволеното пречекорување на трансакционите сметки на својот син и на останатите две лица, со оглед да дозволеното пречекување на трансакционите сметки го прави кредитниот референт и Кредитниот одбор на банката. Во случајот, тужителот како вработен во Секторот за организација и ИТ имал привилегија и можност да работи во одредена софтверска апликација во која се одобрувале и укинувале лимитите, меѓутоа обврските кои ги имал кај масовните операции биле единствено од аспект на неговото стручно познавање на работењето на компјутерскиот систем во кој функционира масовниот пренос на податоци. Така, тужителот според описот и пописот на неговото работно место бил вклучен како поддршка при трансферот и обработка по електронски пат на податоци (дата бази) со оглед на неговата стручна подготовка, но истиот немал овластување самостојно да одобрува финансиски, односно економски лимити за одредена трансакциона сметка. Во оваа насока, со оглед да тужителот без поднесени барања од клиентите до кредитниот референт и одобрување од Кредитниот одбор вршел зголемувања и намалувања на дозволените пречекорувања на трансакционите сметки на погоре наведените лица, според наоѓањето на овој суд, правилен е заклучокот на второстепениот суд дека тужителот ги сторил повредите поради кои му е откажан договорот за вработување.

Имајќи го предвид наведеното, Врховниот суд на Република Македонија го оцени како неоснован ревизискиот навод дека второстепениот суд погрешно го применил материјалното право кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот и меѓу другото прифатил дека тужителот со одобрување на лимитите на наведените лица сторил повреда на работните обврски, при состојба на работите кога тужениот дополнително ги одобрил пречекорувањата на лимитите, а воедно лицата на кои им е одобрен лимитот не го пречекориле истиот и не предизвикале штета на тужениот.

Во однос на ревизиските наводи на тужителот дека одлуката за откажување на договорот за вработување не му била врачена лично согласно закон, туку истата била објавена на огласна табла кај тужениот во време кога истиот не одел на работа, бидејќи бил суспендиран, овој суд најде дека се неосновани. Ова од причина што ваквите наводи биле истакнати во текот на постапката и ценети од страна на второстепениот суд кој образложил на кој начин била извршена доставата на одлуката за откажување на договорот за вработување, односно утврдил дека тужителот бил повикан во просториите на тужениот да ја прими одлуката за откажување на договорот за вработување, кој по консултација со неговиот адвокат не ја потпишал, поради што истиот ден одлуката била ставена на огласна табла.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-976/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право