Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.61/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 252.95 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 3, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.61/2017

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија пониските судови правилно го примениле материјалното право кога заклучиле дека оспореното решение за престанок на работниот однос на тужителката е законито, поради што тужбеното барање на тужителката го одбиле како неосновано.

Имено, при неспорно утврдени факти дека во деновите опфатени со решението за откажување на договорот за вработување и тоа 29-ти, 30-ти и 31.12.2015 година и од 04-ти до 08.01.2016 година, тужителката не доаѓала на работа и не го оправдала своето отсуство, правилно заклучиле пониските судови дека тужителката ја сторила повредата од член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, на која се темели оспореното решение за престанок на работниот однос.

Во ревизијата се укажува на тоа дека тужителката не доаѓала на работа поради тоа што решението за распоредување од 14.12.2015 година со кое тужителката била распоредена од работно место раководител на погон на работно место шивачка на машина, било незаконито. По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија вака истакнатите ревизиски наводи се неосновани од причина што донесеното решение за распоредување и судската постапка која се водела за поништување на решението за распоредување не се оправдана причина за отсуство од работа на тужителката.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-135/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право