- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 464.85 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 4, 2017
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.65/2016
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно судовите го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот, од причина што е утврдено дека тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина при вршење на своите работни обврски, на начин што во контрола на патници и стока во патнички воз на граничниот премин употребил несоодветни зборови кон патници, дека го напуштил работното место пред да заврши работното време, без да го извести претпоставениот, не го евидентирал електронски времето на заминување од работното место и оставил необезбедени простории на тужениот отклучени со инвентари и опрема. Од тие причини, правилно судовите наоѓаат дека тужениот основано го донел оспореното решение согласно одредби од член 58 став 1 точка 1 и член 73-а став 1 алинеја 1, 2, 3, 4, 14 и 23 од Законот за царинската управа, член 28 и член 47 од Упатството за работно време на царинската управа, како и член 30 став 1 на Колективниот договор на царинската управа.
Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека напуштањето на работното место на тужителот било поради тоа што бил во крајна нужда, односно поради влошена здравствена состојба од која тужителот бил преплашен за неговиот живот, дека со упатот од лекар специјалист и извештај од 23.05.2014 година бил на боледување од 7 дена поради тоа што неговата здравствена состојба била сериозна по животот, како и дека се јавил во Здравствената установа во К. без здравствена легитимација, а лекарствата ги купил од аптека без документ од лекар, но најде дека истите се неосновани.
Имено, од утврденото во текот на постапката произлегува дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспореното решение, дека сторил повреда на одредбите од член 58 став 1 точка 1, 7, 8 и 9 и член 73-а став 1 алинеја 1, 2, 4, 14 и 23 од Законот за царинската управа, член 5 од Правилата за ред и дисциплина кај тужениот на начин што не го почитувал работното време и без да се најави кај претпоставениот го напуштил работното место оставајќи необезбеден инвентар и опрема од тужениот.
Во поткрепа на наводот на тужителот дека кога го напуштил работното место му бил извршен лекарски преглед во Здравствената установа К., во постапката кај тужениот и во постапката пред суд не е приложен доказ, поради што таквиот навод не може да биде од влијание за поинакво одлучување.
Од тие причини произлегува дека оспореното решение со кое му е откажан договорот за вработување на тужителот е основано и на закон донесено.”