- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 225.12 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 16, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.72/2017
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија пониските судови правилно го примениле материјалното право кога тужбеното барање на тужителот го усвоиле.
Ова од причина што во случајот не може да стане збор за злоупотреба на боледување, бидејќи тужителот воопшто не бил на боледување, што се докажува со извештај за привремена спреченост за работа, туку бил отсутен од работа неколку часа, кое отсуство го оправдал со издадена лекарска потврда од 23.07.2015 година, што значи дека не се исполнети законските претпоставки за примена на член 82 став 1 точка 2 од Законот за работните односи.
Исто така овој суд во целост се согласува со заклучокот на пониските судови дека со тоа што е извршена достава на приговорот против одлуката за откажување на договорот за вработување во законскиот рок од 8 дена по електронски пат, односно по електронска пошта (е-маил), тужителот ја исполнил обврската од член 91 став 1 и 2 од Законот за работните односи, за да може да поднесе тужба согласно став 91 став 5 од Законот за работните односи.”