- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 329.40 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 3, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.80/2015
„Согласно член 81 став 1 точка 1, 2 и 4 од Законот за работните односи, работодавачот може да го откаже договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврски утврдени co закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување co отказен рок особено ако не го почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски и не се придржува кон работното време, распоредот и користењето на работното време.
Имајќи ја во предвид погоренаведената законска одредба како и утврдената фактичка состојба, според Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови утврдиле дека тужителката сторила дисциплинска повреда на работниот ред и дисциплина на начин што давала лажни податоци за извршени работни посети на терен со намера да го прикрие своето неработење и неизвршување на работниот налог од работодавачот. Правилно пониските судови утврдиле дека тужениот спровел дисциплинска постапка согласно закон, во која бил извршен распит на тужителката која не дала образложени причини по однос на кршењето на работниот ред и дисциплина кои и биле ставени на товар. Заради истото и според овој суд, правилно пониските судови нашле дека тужителката одбила да ги изврши работните обврски според распоредот, насоките и упатствата за работа дадени во писмен работен налог од управителот на начин што самоволно и без согласност на управителот на друштвото извршила измени во распоредот за работа, така што наместо да замине на терен останувала во С. под изговор дека не добила навремено патен налог за службено патување иако со е-маил комуникација била предупредена дека е должна да замине на терен согласно со распоредот за работа за таа работна недела. Од горе наведеното, и во услови кога тужителката имала увид во целокупната документација која и била доставена во дисциплинската постапка, истата иако присутна одбивала да даде образложение за неизвршувањето на работните посети, според Врховниот суд на Република Македонија правилен е ставот на пониските судови дека во конкретниот случај има основ за откажување на договорот за вработување согласно co чл. 81 ст. 1 т. 1, 2 и 4 од Законот за работните односи бидејќи неспорно произлегува дека тужителката ги сторила повредите кои и се ставаат на товар, односно дека работните задачи и обврски кои произлегуваат од нејзиното работно место не ги извршувала совесно, стручно и навремено, а доколку повеќе што на тужителката и биле изречени поголем број на санкции и врачени и биле поголем број на писмени предупредувања co укажување дека доколку не го подобри работењето може да и биде откажан договорот за вработување.”