Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.83/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 525.42 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 20, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.83/2018

„(...) правилно пониските судови го примениле материјалното право ценејќи ги одредбите од член 71 став 2 и 3, член 72, член 73, член 74 став 1 и 2, член 75 став 1, член 82 став 1 точка 5 и член 83 точка 3 од Законот за работните односи, кога одлучиле како во изреката на своите пресуди.

По наоѓање на овој суд, неоснованоста на тужбеното барање на тужителката неспорно произлегува од изведените докази, исказите на сведоците, како и од увид во следливоста на предметната испратница во компјутерскиот систем на тужениот, поради што правилно пониските судови застанале на стојалиште дека тужителката ја сторила предметната повреда. Имено, тужителката на ден 19.06.2015 година, ја избришала испратницата број 337 од системот, која била внесена на 18.06.2015 година и која се однесувала на платена роба, не изготвила фискална сметка и не ги внесла парите во благајна, за да по сознанието за направен вонреден попис од ден 08.07.2015 година, ја евидентирала испратницата и ги внесла паричите средства во благајната.

Врховниот суд на Република Македонија ги ценеше наводите во ревизијата кој се однесуваат на писмениот записник за сослушување од 04.08.2015 година, но најде дека истите се неосновани, со оглед да во писмениот записник е наведено дека од страна на управителот Н. Д., пред почетокот на сослушувањето на тужителката, на присутните им било укажано дека поради автентичност на исказите, целиот состанок ќе биде аудио сниман, со цел полесно да биде составен писмениот записник.

Воедно, неоснован е наводот во ревизијата кој упатува на тоа дека исказот на таткото на тужителката не бил ценет во постапката, од причина што при одлучувањето пониските судови го имале во предвид, но не му поклониле верба ценејќи дека истиот е субјективен и со цел да и се помогне на тужителката. Во насока на ова е и исказот на сведокот В. Ц., од кого на спорниот ден 08.07.2015 година, тужителката телефонски побарала да ја однесе до дома да земе нешто што го заборавила, но била одбиена бидејќи немало слободно возило, за да при преглед на снимки на видео надзорот подоцна е констатирано дека набргу по телефонскиот повик, тужителката се симнува на влезната капија, се сретнува со својот татко, по што држејќи во раката свиткано бело ливче се враќа во винаријата, односно во својата канцеларија.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-752/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право