Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.84/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 291.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 11, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.84/2015

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право кога повикувајќи се на член 30 став 1, член 33 став 1, член 82 став 1 точка 1 и член 147 став 1 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ бр. 34/2014) и член 29 од Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на РМ (Службен весник на РМ бр. 53/95), го одбиле тужбеното барање, бидејќи правилно заклучиле дека тужителот постапил спротивно на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работни односи и неоправдано изостанал од работа 5 последователни работни дена, со што ја сторил повредата што му се става на товар, а заради која и му бил даден отказот.

Неосновани се ревизиските наводи дека решението за престанок на работниот однос не содржи причини за отказот и дека истите останале недокажани, со што е сторена повреда од член 72, 74 став 2 и 85 од Законот за работни односи, со оглед на веќе утврденото во текот на постапката дека тужителот ја сторил повредата што му се става на товар, па и по оценка на овој суд оспореното решение е законито, донесено е во законски пропишана постапка, а доставата на истото била уредно извршена преку огласната табла на тужениот, согласно предвиденото во член 75 став 3 од Законот за работни односи.

За ревизиските наводи кои се однесуваат на сторени повреди на одредбите од Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа, овој суд оцени дека се без влијание за поинакво одлучување во конкретниов случај, бидејќи отказот на тужителот му бил даден од лични причини заради кршење на работниот ред и дисциплина во смисла на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работни односи, па тужениот и немал обврска за тоа да го извести претставникот на Синдикатот.”

Претходно Пресуда на Основен суд Битола РОЖ 242/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право