Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.86/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 353.32 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 2, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.86/2016

„Според Врховниот суд на Република Македонија правилно пониските судови прифатиле дека во Прилог број 4 кон Упатството од 2008 година е наведено: Доколку при проверката на Декларацијата селектирана по критериум на жолт или црвен канал не се утврдени неправилности, во полето резултати од преглед се внесува соодветна шифра за видот на извршениот преглед, и во ваквите случаеви полето „информација” не мора да се пополни, а и во измените на Упатството од 2014 година било наведено дека доколку при проверката на Декларацијата селектирана по критериум на жолт или црвен канал не се утврдени неправилности, во полето резултати од преглед се внесува соодветна шифра за видот на извршениот преглед и во ваквите случаеви полето „информација” не се пополнува. Имајќи го во предвид погоренаведеното и според овој суд не може да се прифати дека непополнувањето или нецелосното пополнување на контролниот акт, на полето „информација” преставува основ за повреда на работниот ред и дисциплина, односно за престанок на работниот однос. Имено, видно од Прилог бр. 4 шифри за пополнување на контролниот акт во ЕЦД, судовите го утврдиле начинот на пополнување на контролниот акт. Во конкретниот случај неспорно е дека на декларациите врз кои извршена е контрола по случаен избор нема утврдено неправилности, односно истите биле пополнети согласно Упатството. Исто така наведеното било и пракса кај тужениот да во случаи кога не се утврдени неправилности полето информации да не се пополнува. Заради истото правилно пониските судови имајќи ги во предвид сите изведени докази и исказите на сведоците прифатиле дека тужителот со начинот на кој ги извршувал своите обврски и задачи не нанел никаква штета на тужениот, а истото видно и од предлогот на дисциплинската комисија што го доставила до директорот на тужениот во кој е констатирано дека нема последици што настанале со кршење на работниот ред и дисциплина или поради неисполнување на обврските.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-54/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право