Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.89/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 276.74 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 7, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.89/2016

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право кога утврдиле дека тужителот со своето однесување ги сторил повредите од член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи и член 14 точка 84 од Правилата за работен ред и дисциплина и надомест на штета на тужениот, поради што тужбеното барање на тужителот го одбиле како неосновано.

Неоснован е ревизискиот навод дека судовите својата одлука ја темелат врз претпоставки за сторена кражба која не е докажана со правосилна пресуда во кривичната постапка. Ова од причина што независно од исходот на кривичната постапка, во предметната постапка релевантно е тоа што тужителот со дејствијата наведени во фактичката состојба, сторил повреди кои може да се подведат, односно кои се опфатени во правниот основ по кој на тужителот му е откажан договорoт за вработување.

Оттука, со оглед на тоа што од изведените докази со сигурност може да се утврди дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспореното решение, произлегува дека правилно постапиле пониските судови кога тужбеното барање на тужителот го одбиле како неосновано.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-541/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право