- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 538.64 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 23, 2019
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.90/2018
„Второстепениот суд пак наоѓајќи дека првостепениот суд на правилно утврдената фактичка состојба, погрешно го применил материјалното право, ја преиначил пресудата и го одбил тужбеното барање прифаќајќи дека тужителот ја сторил повредата од член 82 став 1 точка 4 од Законот за работни односи, што му се става на товар со тоа што во текот на работното време на работа внесол, употребувал и бил под дејство на алкохол, па прифатил дека донесеното решение за отказ е законито.
Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека второстепениот суд правилно го применил материјалното право, кога ја преиначил првостепената пресуда, наоѓајќи дека во конкретниов случај се работи за отказ на договор за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина, па битно е дали работникот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, а кои околности во случајов се целосно докажани.
За ревизиските наводи дека тужениот не побарал согласност од синдикатот чиј член бил тужителот, овој суд оцени дека е без влијание за поинакво одлучување во конкретниот случај, бидејќи не станува збор за отказ во врска со синдикална активност, туку за откажување на договор за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина поради консумирање на алкохол за време на работа.
Неоснован е и ревизискиот навод во кој се укажува дека изјавите од 05.06.2013 година и 11.06.2013 година, не се регуларни бидејќи не се своерачно напишани, составени и потпишани од тужителот, од причина што со изготвеното вештачења во текот на постапката е утврдено дека изјавите кои тужителот ги спори, а во кои е наведено дека критичниот ден за време на работа во просториите на своето работно место внесол, консумирал и бил под дејство на алкохол, неспорно се автентични и потпишани од самиот тужител.”