Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.96/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 207.69 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 9, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.96/2015

„(...) по наоѓање на овој суд, правилно пониските судови го примениле материјалното право, кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот.

При утврдени факти дека во спорниот период тужителот не се евидентирал дека е присутен на работа и дека ги извршува работните задачи, што било видно од распоредот за работа во спорниот период, како и тоа дека при остварен телефонски контакт со Командирот, тужителот му појаснил дека повеќе нема да доаѓа на работа, а причината за недоаѓање на работа не ја дал, правилен е заклучокот на пониските судови дека тужителот со своите дејствија ја сторил повредата која му се става на товар со решението за откажување на договорот за вработување, а која е предвидена во член 206 став 1 точка 5 и член 207 став 1 точка 1 од Колективниот договор на Министерството, а во врска со член 141 став 1 точка 1 од Законот за внатрешни работи.

Воедно, при состојба на работите кога тужителот не доставил докази дека во спорниот период бил спречен да присуствува на работа за што бил должен согласно товарот на докажување, по наоѓање на овој суд, правилно пониските судови застанале на стојалиште дека тужителот не докажал дека во спорниот период бил спречен да присуствува на работа и да ги извршува работните задачи на работното место.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.139/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право