- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 264.63 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 13, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.96/2017
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судви правилно го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот, притоа наоѓајќи дека тужителот не ги сторил повердите од член 82 став 2 од Законот за работните односи и член 118 став 1 точка 1 од Колективниот договор на тужениот, а по кој основ му е откажан договорот за вработување.
Ова од причина што од изведените докази во текот на постапката неспорно е утврдено дека критичниот ден тужителот кај корисникот постапувал по работен налог за замена на броила при што истиот извршил само замена на броилото, а не извршил и замена на осигурачите, како и дека истиот не побарал ниту добил 1.200,00 денари од корисник за извршената услуга – замена на броило и осигурувачи, со оглед на тоа што наведените парични средства биле дадени од корисникот на услугата и земени од тужителот за друга намена, а не како наплата на извршената услуга од страна на тужителот и неговиот колега.
Поради напред наведените причини, правилно прифатиле пониските судови дека во конкретниот случај тужениот не ја докажал основаноста на причините кои го оправдуваат отказот, односно од изведените докази во текот на постапка не е утврдено дека тужителот ги сторил повредите кои што му се ставаат на товар со оспореното решение.
Имајќи го во предвид наведеното ревизиските наводи со кои се укажува на тоа дека судовите при одлучувањето ја немале во предвид изјавата на лицето Г. М., непосреден раководител на тужителот, како и дека го немале во предвид фактот дека корисникот К. Т. го пријавил настанот во Кол центарот на тужениот, се без влијание за поинакво одлучување.”