Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.100/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 327.37 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 30, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.100/2016

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно одлучиле кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот имајќи ја предвид одредбата од член 81 став 1 точка 2 од Законот за работните односи, бидејќи не ги извршувал работните задачи и одбивал да работи под изговор дека не се овозможени безбедни услови за работа и со тоа го отежнал производствениот процес, и покрај тоа што тужениот обезбедил лични средства за заштита при работа и ги предочил извршените мерења дека условите за работа биле во рамките на утврдените стандарди. Покрај тоа, постапувајќи согласно член 73 од Законот за работните односи, тужениот го предупредил тужителот за последиците од неисполнувањето на обврските и можноста за отказ во случај на повторно кршење на работниот ред и дисциплина, пред донесувањето на побиваната одлука за откажување на договорот за вработување. Поради тоа, според овој суд правилно пониските судови заклучиле дека одлуката за престанок на вработувањето на тужителот била донесена во постапка и на начин пропишана со закон, а имајќи предвид дека тужителот ги сторил повредите поради кои му е изречен престанок на работниот однос.

Според овој суд, неосновани се ревизиските наводи за формално правните недостатоци на одлуката за отказ на договорот за вработување, во поглед на тоа дека тужителот не бил запознаен со правата од осигурување во случај на невработеност и дека правната поука е погрешно наведена. Ова од причина што, правилно пониските судови заклучиле дека тужителот го остварил своето право на заштита на неговите права од работен однос пред работодавачот со поднесување на благовремен приговор до тужениот, а потоа навремено побарал заштита на своите права со поднесување на предметната тужба до надлежниот суд, во согласност со одредбите од член 181 став 4 и 5 од Законот за работните односи. Имајќи го предвид наведеното, по наоѓање на овој суд, наведениот недостатокот на одлуката за откажување на договорот за вработување, не влијае на законитоста и правилноста на истата.

Врховниот суд на Република Македонија при одлучувањето ги ценеше ревизиските наводи на тужителот дека одлуката за отказ на договорот за вработување му била доставена спротивно на член 75 од Законот за работните односи, но најде дека се неосновани. Имено, при неспорно утврдените факти дека тужителот одбил да ја прими одлуката за откажување на договорот за вработување донесена од управителот кај тужениот на ден 28.05.2014 година, констатирано на записник бр.04-158/1 од 28.05.2014 година, по наоѓање на овој суд, огласувањето на одлуката за откажување на договорот за вработување на огласната табла кај тужениот е во согласност со член 75 став 3 од Законот за работните односи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-630/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право