- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 205.06 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 10, 2017
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.105/2016
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право кога заклучиле дека на тужителот неосновано му престанал работниот однос кај тужениот, поради што го поништиле оспореното решение за престанок на работниот однос на тужителот како незаконито.
Имено, правниот основ по кој на тужителот му е изречен престанок на работниот однос и врз кој се темели оспореното решение за престанок на работен однос е членот 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, односно дека тужителот неоправдано изостанал од работа повеќе од пет работни дена во текот на годината и тоа во периодот од 19.08.2013 до 12.09.2013 година.
Доколку се имаат во предвид неспорно утврдените факти од страна на пониските судови дека од страна на ВД директорот на тужениот, на тужителот му било одобрено отсуство од работа во деновите 19, 20 и 21.08.2013 година поради одработените прекувремени часови, како и дека сметано од 22.08.2013 година, тужителот бил на боледување во траење од три недели, со сигурност може да се изведе заклучок дека не се исполнети условите за примена на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, а по кој основ на тужителот му е откажан договорот за вработување.”