Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.108/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 210.89 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 8, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.108/2015

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилен е заклучокот на пониските судови дека одлуката за откажување на договор за вработување и престанок на работниот однос донесена од тужениот е законита. Раководејќи се од изведените докази и тоа записниците бр. 03- 25 од 25.03.2013 година, број 03-12/2 од 30.01.2013 година, број 03-13/2 од 01.02.2013 година, записник бр.03-21/1 од 05.03.2013 година и известие Рег.бр.31.1.2-1568 од 26.04.2013 година на МВР-ПС од ОН К., судовите правилно заклучиле дека тужителот го прекршил работниот ред и дисциплина, не ги извршувал работните обврски, истиот не го почитувал и не се придржувал на работното време, распоредот и користењето на работното време и истиот предизвикувал неред и насилнички се однесувал за време на работата, односно дека тужителот сторил повреди предвидени во член 81 став 1 точка 1, 2, 4, 5, 6 и 10 од Законот за работни односи.

Воедно според овој суд неосновано се истакува дека на тужителот не му биле овозможени сите услови и средства за извршување на работните задачи и обврски согласно ЗРО, а ова од причина што судовите утврдиле дека во конкретниот случај од страна на тужениот било изготвено упатство во врска со исполнувањето на работните обврски бр.03-31/1 од 11.06.2012 година, како и бил составен записник бр.03-45 од 13.07.2012 година потпишан од страна на сега тужителот од кои докази може со сигурност да се заклучи дека на тужителот му биле познати дадените работни задачи како и овозможени сите услови за исполнување на работните задачи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-111/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право