- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 237.07 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 18, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.113/2017
„(...) пониските судови ценејќи ги одредбите од член 79, член 81 став 1 точка 1, 2 и 3 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/05), како и членот 8 од Договорот за вработување од 28.05.2012 година, правилно го примениле материјалното право, кога утврдиле дека одлуката за откажување на договорот за вработување со отказен рок бр.04-341/14 од 26.03.2013 година донесена од тужениот е незаконита бидејќи тужителот не ја сторил предметната повреда на работните обврски.
Според Врховниот суд на Република Македонија, правилен е заклучокот на судовите дека тужителот не преземал дејствие кое е во спротивност со правилата на тужениот и не извршил приклучување на потрошувач без решение за согласност. Во насока на ова и утврденото дека во конкретниот случај нема директно преземање на електрична енергија од мрежата, туку тужителот само позајмил струја од потрошувач кој бил уредно пријавен и кој редовно плаќал струја, притоа извршувајќи само техничка работа - поставувајќи стар струјометар со цел да се знае потрошената позајмена енергија која на крајот на месецот треба да се плати. Дотолку повеќе што ова дејствие тужителот го презел надвор од работно време во неработен ден.”