Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.114/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 249.77 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 22, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.114/2016

„(...) пониските судови го усвоиле тужбеното барање на тужителот и ја поништиле како незаконита одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок бр.03-962 од 29.10.2012 година, со образложение дека тужителот не го сторил кршењето на работниот ред и дисциплина, односно не е точно дека неоправдано не доаѓал на работа три последователни дена. Имено, тужителот не знаел дека е разрешен од функцијата генерален секретар, а за првпат разбрал од средствата за јавно информирање, имајќи предвид дека истиот имал ангажмани кои произлегувале од работното место генерален секретар, тој заминал на семинар во странство. Судовите утврдиле дека тужителот за денот 25.09.2012 година, уредно се евидентирал во системот за евиденција, видно од електронската евиденција за присуство, како и од извршениот увид во извештајот за редовност доставен од страна на тужителот, видно е дека тужителот се пријавил, односно бил присутен на работа. Во останатите денови 26 и 27.09.2012 година тужителот присуствувал на семинар во странство, врз основа на покана за семинар, која покана стасала кај тужениот, од што произлегува дека истиот знаел и можел да знае, а и требал да знае, дека во тие денови 26 и 27.09.2012 година ќе биде одржан семинар.

Врховниот суд на Република Македонија во целост се согласува со причините дадени во образложението на пресудите на пониските судови. Имено, овој суд најде дека во конкретниот случај не е исполнет условот од член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, имајќи го предвид фактот дека тужителот за денот 25.09.2012 година, уредно се евидентирал во системот за евиденција, видно од електронската евиденција за присуство и извештајот за редовност, тужителот се пријавил, т.е. бил присутен на работа, а во останатите денови 26 и 27.09.2012 година тужителот присуствувал на семинар во странство. Поради наведеното, кај тужителот нема последователно недоаѓање на работа три работни дена, односно пет работни дена во текот на една година, поради што се работи за незаконит престанок на работниот однос.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.25/2016
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право