Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.114/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 315.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 21, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.114/2017

„Според овој суд од се претходно утврдено неспорно произлегува дека тужителот постапил спротивно на Правилникот за сметководствено и благајничко работење и го прекршил член 23 од истиот, со тоа што не ги пријавил кусоците од пошторазнесувачите и прикажувал фактичка состојба на благајничките средства која не била реална. Освен тоа од неспорно утврденото дека тужителот на другиот благајник му дал на рака 130.000,00 денари, произлегува дека истиот неодговорно се однесувал со паричните средства на тужениот со кои бил задолжен, па по оценка на Врховниот суд на Република Македонија произлегува дека со претходно наведените преземени дејствија тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспореното решение, а поради што тужениот му го откажал договорот за вработување без отказен рок заклучно со 20.11.2008 година, и тоа согласно член 81 став 1 точка 2 и 3, член 82 став 1 точка 5 и став 2 од Законот за работни односи („Сл. весник на РМ“ бр. 62/2005), како и член 68 став 1 точка 2 и точка 5, член 69 став 1 точка 10 и член 73 од Колективниот договор на тужениот, а согласно член 28 од Статутот на тужениот.

Според Врховниот суд на Република Македонија, во конкретниов случај не е од решително значење при одлучувањето фактот дали тужителот бил присутен при вршење на контролата на благајната за која бил одговорен, од причина што тој не го оспорил констатираното во записникот сочинет од комисијата која ја вршела контролата и со својата изјава дури и ги потврдил податоците кои биле констатирани во извештајот, за констатираниот кусок во износ од 191.982,50 денари.

Овој суд наоѓа дека при донесувањето на побиваните пресуди, пониските судови недоволно ја ценеле и пресудата К.бр.2714/10 од 22.06.2011 годана, со која тужителот бил огласен за виновен заради противправно присвојување на парични средства во износ од 191.982,50 денари кои му биле доверени во врска со неговата работа, а согласно член 11 став 3 од Законот за парнична постапка, во парничната постапка судот во однос на постоењето на кривично дело и кривична одговорност на сторителот е врзан за правосилната пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот се огласува за виновен.

Од наведените причини, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање, бидејќи по наоѓање на овој суд, тужителот ја сторил повредата што му се става на товар, а решението со кое му бил откажан договорот за вработување е донесено во целост согласно Законот за работни односи, Колективниот договор и другите акти на тужениот и истото е правилно и законито.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-378/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право