Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.118/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 217.40 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 27, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.118/2016

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно судовите го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот, со оглед на утврденото дека тужителот не го известил тужениот за неговото отсуство, ниту своето отсуство од работа го оправдал со доказ дека поради здравствени проблеми не бил во можност да доаѓа на работа. Од таа причина, судовите правилно наоѓаат дека поради тоа што тужителот својот изостанок од работа од пет работни дена не го оправдал, тужениот основано и законито, согласно одредбите од член 82 став 1 точка 1 во врска со член 33 став 1 од Законот за работните односи, го донел решението со кое на тужителот му е откажан договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина.

Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата, дека телефонски го известил својот претпоставен дека во деновите од 15.03.2014 година до 19.03.2014 година и од 25.03.2014 година до 27.03.2014 година и 01.04.2014 година не доаѓа на работа поради нарушено здравје, но најде дека истите се неосновани.

Имено, од утврденото произлегува дека тужителот не го известил тужениот согласно одредбите од член 33 од Законот за работните односи, ниту до тужениот приложил доказ за привремена спреченост за работа поради болест, со кое ќе го оправдал своето отсуство од работа во наведените денови. Таков доказ не бил доставен ниту во текот на постапката пред судот, поради тоа, произлегува дека оспореното решение со кое му е откажан договорот за вработување на тужителот е основано и согласно на закон донесено.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-435/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право