Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.122/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 252.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 6, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.122/2017

„Имајќи го во предвид неспорно утврдениот факт дека во периодот од 30.07.2014 година до 12.11.2014 година, тужителката неоправдано отсуствувала од работа, без писмено одобрение од работодавачот и без да биде известен директорот на В. школа за јазици во М., што е видно од дописот од 16.12.2014 година упатен од директорот на В. школа за јазици до Министерството (...), произлегува дека тужителката не ги исполнила работните обврски согласно склучениот договор, поради што правилно заклучиле пониските судови дека во случајот се исполнети условите за престанок на работниот однос на тужителката согласно член 82 став 1 во врска со член 4 и член 8 од договорот за вработување, на кои одредби се заснова и оспорената одлука за престанок на работен однос.

Врховниот суд на Република Македонија ги ценеше ревизиските наводи со кои се укажува на тоа дека враќањето во Република Македонија не било по вина на тужителката, со оглед на тоа што работните обврски и завршувале заклучно со месец јули 2014 година, дека авионскиот билет бил со повратен датум на 30.07.2014 година и дека до 31.07.2014 година и била обезбедена соба во хотелот каде престојувала, но за истите најде дека се неосновани.

Ова од причина што за законитоста на оспорената одлука од значење е фактот што тужителката немала одобрение за отсуство од работа во периодот од 30.07.2014 година до 12.11.2014 година, со што ги прекршила одредбите од член 4 и член 8 од договорот, а притоа наведените околности на кои се повикува тужителката не претставуваат основ за одобрено отсуство од работа. Тужителката имајќи ги во предвид работните обврски и временскиот период за кој бил склучен договорот за засновање на работен однос на определено време имала обврска да остане на работното место на кое била упатена и без писмено одобрение од работодавачот за прекин на вршењето на работните обврски не смеела да го напушти работното место.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-403/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право