Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.130/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 237.26 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 8, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.130/2017

„Согласно член 138 став 1 точка 28 од Колективниот договор на тужениот, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок, во случаите на кршење на работната дисциплина, работниот ред или неисполнување на работните обврски, ако работникот одбива да се подвргне на алко-тест и да потпише записник од спроведениот алко-тест.

Имено, имајќи во предвид дека во конкретниот случај тужителот одбил да се подвргне на алко-тест, што неспорно произлегува од писмените изјави на сведоците С. Т., С. З., М. Т., К. А. и М. Ц., во чие присуство тужителот одбил да се подвргне на алко-тест, а кој факт е неспорен и за самиот тужител, со сигурност може да се заклучи дека тужителот ја сторил повредата од член 138 став 1 точка 28 од Колективниот договор, а кој основ е опфатен во одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителот.

При ваква состојба на работите, кога тужителот неспорно одбил да се подвргне на алкотестирање, ревизиските наводи на тужителот со кои се укажува на тоа дека тужениот немал верифициран мерен уред со кој може да се врши алкотестирање, се без влијание за поинакво одлучување.

Во ревизијата се истакнува и дека тужителот одбил да се подвргне на алко-тест, но не и да потпише записник за алкотестирање со што не биле исполнети кумилативно двата услови од член 138 став 1 точка 28 од Колективниот договор на тужениот, но за истиот најде дека е неоснован од причина што во случајот записник за алкотестирање не бил составен бидејќи тужителот одбил да се подвргне на алко-тест. Имено, согласно Колективниот договор на тужениот, записник се составува за спроведен алко-тест, а не и во случај доколку се одбие алкотестирање, а во конкретниот случај и самиот тужител не го спори фактот дека истиот одбил да се подвргне на алкотестирање.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-348/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право