Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.141/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 365.29 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 17, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.141/2017

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно судовите го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот. Правилен е заклучокот на судовите дека решението за откажување на доворот за вработување на тужителот е правило и донесено согласно одредбите од член 91 од Царинскиот закон и Упатството за вршење на селективни контроли во царинско работење, од причина што од утврденото произлегува дека тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина на начин што при влез на предметно возило го евидентирал во соодветната бордер апликација како празно возило без да изврши детален преглед на истото, и на тој начин овозможил лицето кое го управувало возилото да не плати увозни давачки во износ од 13.872,00 денари.

Неоснован е наводот во ревизијата дека судовите не ја имале предвид изјавата на тужителот дека возилото поминувало секојдневно и дека праксата на преминот е да пуштаат пратки со зеленчук и овошје во помали количини, дека тужителот совесно ги вршел своите обврски, ја запазил законската процедура и постапил согласно Упатството, и иако не постоеле индикации и сомнеж дека возачот на возилото прикрил гајби со стока која подлежи на царинење, тужителот пристапил кон вршење на преглед на органолептички начин со визуелен површен преглед на возилото.

Имено, во конкретниот случај од утврденото произлегува дека тужителот постапил спротивно на член 91 од Царинскиот закон и сторил повреда на работниот ред и дисциплина, и постапил спротивно на точка 28 од Упатството за вршење на селективни контроли во царинско работење, од која произлегува дека на преглед подлежат сите транспортни средства кои одговараат на определен профил на ризик, а водичот на смена оценува дали определени транспортни средства и стока ќе се прегледа врз основа на методот селективно базиран на проценка и анализа на ризикот. Меѓутоа од утврденото произлегува дека тужителот постапил спротивно на одредбите и не извршил соодветна проценка на ризик, на начин што извршил соодветен преглед на предметното возило, го пропуштил и евидентирал дека е празно возилото, без да изврши детален преглед и да ја утврди количината на земјоделските производи, кои од мобилниот тим се утврдени дека се 38 гајби со разни видови зеленчук во вкупна тежина од 334 килограми. Притоа за истиот настан од страна на Основниот суд С. е донесена пресуда К.бр.839/13, со која тужителот е огласен виновен, за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.27/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право