Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.144/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 351.27 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 15, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.144/2015

„(...) според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, во конкретниот случај правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот. Правилно пониските судови утврдиле дека тужителот не сторил повреда од член 82 став 1 точка 4 од Законот за работни односи.

Врховниот суд на Република Македонија ги ценеше наводите на тужениот во ревизијата дека пониските судови при одлучувањето ги немале во предвид тврдењата на тужениот дека истиот одлуката за отказ на договорот за вработување на тужителот не ја темели врз основа на точно утврдената концентрација на алхохол кај тужителот, туку едноставно на фактот дека кај тужителот спорниот ден било утврдено количество на алкохол во крвта кое истовремено води кон прекршување на работниот ред и дисциплина заради што и му бил изречен и отказ на договорот за вработување без отказен рок, а поради употреба на алхохол, доаѓање и присуство на работа под дејство на алхохол, но смета дека се неосновани.

Имено, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека правилно пониските судови утврдиле дека видно од повикот број 04-1347 од 30.10.2014 година Директорот за сточарство и ветеринарство кај тужениот со писмен повик го повикал тужителот да се јави на работно место доброволно во рок од 3 дена од приемот на повикот имајќи предвид дека истиот претходно бил на привремен принуден одмор и не одел на работа. Но работодавецот без да сочека да поминат три дена му се јавил на работникот и го повикал да се јави на работа на 04.11.2014 година. Па така тужениот не го имал во предвид фактот дека писмениот повик за работа бил доставен до тужителот на ден 03.11.2014 година, а рокот од три дена определен во поднесокот започнува да тече од наредниот ден, односно од 04.11.2014 година. При вака поставена состојба на работите според овој суд правилно пониските судови прифатиле дека тужителот не знаел дека треба да се јави спорниот ден на работа па се напил една чаша ракија, но сепак на повикот на работодавецот одговорил и дошол на работа. Заради истото, според овој суд во конкретниот случај правилно пониските судови не утврдиле повреда на член 82 став 1 точка 4 од Законот за работните односи од страна на тужителот од причина што самиот факт дека тужениот пратил писмено известување до тужителот во кој рок тужителот да се јави на работа бидејќи во спротивно ќе му престане работниот однос, а притоа ненајавено го повикува предвреме на работа во ден кога тужителот не очекувал да оди на работа и да извршува работни задачи по што консумирал дома алкохол и за кое нешто подоцна го известил заменик раководителот, не може да се прифати како кршење на работниот ред и дисциплина заради доаѓање и присуство на работа под дејство на алхохол.

Имајќи го во предвид сето погоре наведено, без оглед на тоа што истовремено тужениот погрешно ги навел причините поради кои е донесена одлуката за престанок на работен однос во поглед на точната концентрација на алкохол во крвта како и тоа дека постапката за алкотестирање била спроведена од страна на нестручни лица, непочитувањето на рокот во кој требало да се јави тужителот на работно место определен од тужениот и ненајавеното повикување на работа во ден кога тужителот бил дома и консумирал алкохол не може и според Врховниот суд на Република Македонија да се прифати како законски основ за откажување на договорот за вработување без отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплина.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-316/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право