- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 267.41 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 17, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.145/2017
„Во отсуство на соодветни докази од кои би произлегло дека тужителот сторил некоја од повредите опфатени во решението, која може да се подведе по некоја од законските основи опфатени во истото решение, не може да се докаже основаноста на причината за отказот, од кои причини правилно постапиле пониските судови кога тужбеното барање на тужителот да се поништи решението за откажување на договорот за вработување и одлуката по приговорот го одбиле како неосновано.
Притоа правилен е заклучокот на пониските судови дека тужениот му го откажал на тужителот договорот за вработување пред истекот на рокот од 30 дена определен во предупредувањето од 08.06.2016 година, со што постапил спротивно на член 73 и член 80 од Законот за работни односи, од кои законски одредби произлегува дека доколку во рокот определен во предупредувањето од страна на работодавачот, работникот не го подобри своето работење, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување.
Неосновани се ревизиските наводи дека по даденото предупредување на 08.06.2016 година, тужителот продолжил со кршење на работниот ред и дисциплина и дека и самиот ја признал вината за направените грешки во работењето преку испратениот е-маил на 16.06.2016 година, што било причина работодавачот да му го откаже договорот за вработување пред истекот на рокот определен во предупредувањето. Ова од причина што испратениот е-маил до Управителот на тужениот не значи кршење на работниот ред и дисциплина, а дотолку повеќе што и од неговата содржина не може да се утврди дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспореното решение.”