- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 247.30 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 26, 2017
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.153/2016
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно судовите го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот и ја поништиле како незаконита одлуката за откажување на договорот за вработување и го задолжиле тужениот да го врати тужителот на работа со сите права од работен однос согласно со склучениот договор за вработување на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка.
При вакво утврдување, судовите застанале на стојалиште дека оспорената одлука на тужениот за откажување на договорот за вработување на тужителот е незаконита и како таква ја поништиле.
И според мислењето на Врховниот суд на Република Македонија ваквиот заклучок на судовите во поглед на законитоста на оспорената одлука е правилен. Имено, правилно сметаат судовите дека тужителот не сторил кршење на работниот ред и дисциплина од членот 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи - неоправдано изостане од работа три последователни работни дека или пет работни дена во текот на една година, затоа што било утврдено дека во периодот од 11.08.2015 година до 18.08.2015 година тужителот бил на оправдано боледување. Со тоа што во одлуката е наведено дека престанокот на тужителот му се откажува заклучно со 18.08.2015 година, оспорената одлуката е незаконита, бидејќи ова значи дека на тужителот му е изречен престанок на работниот однос во време кога тој бил на боледување. Дотолку повеќе што во изреката на одлуката, а ниту во образложението на истата не се наведени точно деновите на отсуство, како што тврди тужениот во ревизијата, поради што истите се неосновани.”