Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.154/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 296.67 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 22, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.154/2015

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот и ја поништиле како незаконита одлуката за отказ на договорот за вработување, со оглед да тужителот во своето работење постапил согласно неговите работни задачи, а со неговото постапување не му причинил штета на тужениот.

Во оваа насока, пониските судови образложиле дека тужителот со намера или крајно невнимание не му причинил штета на тужениот, ниту пак во дејствијата на тужителот се содржани елементи на кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ако се има предвид да предметниот сок, односно сируп бил пуштен во производство и дистрибуиран за продажба, правилен е заклучокот на пониските судови дека наведената причина за евентуално нанесената штета на работодавецот е неоснована, поради што Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови правилно го примениле материјалното право кога одлучиле на наведениот начин.

Тужениот во ревизијата наведува дека пониските судови при одлучувањето не ги ценеле во доволна мера доказите од кои произлегувало дека тужителот при работењето постапувал своеволно, неодговорно и не почитувал наредби кои се однесуваат на процесот на работењето и дека повеќе пати бил предупредуван поради таквото однесување, што довело до погрешна примена на материјалното право.

Овој суд ги имаше предвид ваквите наводи, но најде дека се неосновани, од причина што истите биле истакнати во текот на постапката и ценети од страна на пониските судови, кои дале доволно образложени причини за решителните факти со кои овој суд се согласува.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.152/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право