Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.156/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 321.82 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 21, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.156/2015

„Врховниот суд на Република Македонија, наоѓа дека е правилен заклучокот на пониските судови дека тужителката не ја сторила повредата што и се става на товар и дека таа во врска со работата намерно или со крајно невнимание не му предвизикала никаква штета на работодавачот, па правилно го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање и ја поништиле како незаконита одлуката за отказ, бидејќи утврдиле дека не се исполнети законските претпоставки од член 82 став 1 точка 5 од Законот за работни односи.

Според овој суд правилно е стојалиштето на пониските судови дека тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување, со оглед на неспорно утврденото дека тужителката согласно описот и пописот на работните задачи на работното место, меѓу другите обврски, била задолжена да врши фактурирање и наплата на побарувањата од клиентите, а парите што ги наплатувала ги предавала на шефот на сметководство В. Д. или на директорот, што била вообичаена пракса во работењето кај тужениот, бидејќи едниот сеф бил во канцеларијата на директорот, а другиот сеф бил во канцеларијата на В., а тужителката немала клучеви од сефот, дека таа раздолжувањето на фактурите го вршела рачно со запишување во тетратка и во комерцијалниот програм на компјутер, но немала пристап до сметководствено-финансовиот програм на кој работела исклучиво шефот на сметководство В.

Оттука, правилно пониските судови утврдиле дека тужителката не сторила кршење на работниот ред и дисциплина од член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи, бидејќи таа како административен референт немала овластување од претпоставените лица да раководи со сметководствено-финансовиот програм, ниту имала пристап до сефовите во кои се чувала готовината од уплатите на клиентите, а од друга страна тужениот при донесување на одлуката за отказ, не донел одлука за утврдување на материјална штета и висината на истата, ниту пак во оспорената одлука е наведено колкава е таа штета, па произлегува дека тужениот неправилно и незаконски и го откажал договорот за вработување При утврдени решителни факти дека В. признала дека сама ги задржала паричните средства, а потоа за да не биде кривично гонета доброволно прифатила да ги врати во целост одземените средства на тужениот, правилно пониските судови прифатиле дека не се исполнети законските претпоставки од член 82 став 1 точка 5 од Законот за работни односи, бидејќи нема вина кај тужителката за настанување на материјалната штета која ја претрпел тужителот и дека таа не извршила кражба при извршување на работните задачи, па правилно заклучиле дека донесената одлуката за отказ е незаконита.

Неосновани се ревизиските наводи дека тужителката имала увид во изводите од банка и била должна да изврши проверка дали парите биле уплаќани на сметка на тужениот, со оглед на веќе утврденото дека таа немала никаков пристап до сефовите каде се чувале парите ниту до сметководствено-финансовиот програм, а и со оглед на признанието од шефот на сметководство В., дека таа ги раскнижувала фактурите како платени во изводите во компјутер и во тетратка и дека присвоила за себе износ од 324.654,00 денари, кој лично го вратила на тужениот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ 562/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право