Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.171/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 344.60 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 8, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.171/2016

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право кога тужбеното барање на тужителот го одбиле како неосновано.

Ова од причина што и по наоѓање на овој суд тужителот со преземените дејствија, опишани во утврдената фактичката состојба од страна на пониските судови, постапил спротивно на член 16 од Кодексот за полициската етика во врска со член 3 и член 5 став 3 од Законот за полиција, со што ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспореното решение за отказ на договорот за вработување од член 207 став 1 точка 8 од Колективниот договор на МВР во врска со член 141 став 1 точка 8 од Законот за внатрешни работи.

Неоснован е ревизискиот навод дека оспореното решение е незаконито бидејќи во кривичната постапка не е докажано дека тужителот сторил дејствие кое претставува кривично дело, од причина што дејствијата кои ги сторил тужителот може да се подведат под еден од законските основи на кои се темели решението за отказ, а тоа е членот 207 став 1 точка 8 од Колективниот договор на МВР и членот 141 став 1 точка 8 од Законот за внатрешни работи, па фактот што решението за откажување на договорот за вработување покрај наведениот основ го опфаќа и членот 207 став 1 точка 15 од Колективниот договор на МВР во врска со член 141 став 1 точка 15 од Законот за внатрешни работи, кои се однесуваат за сторено кривично дело, е без влијание за законитоста на решението за откажување на договорот за вработување.

Врховниот суд на Република Македонија го ценеше и ревизискиот навод дека тужителот дејствијата кои му се ставаат на товар ги сторил надвор од работното време, но за истиот најде дека е неоснован од причина што за остварувањето на целите на полицијата и одржување на полицискиот интегритет неопходно е однесувањето на полициските службеници да биде во согласност со правилата и прописите на Министерството за внатрешни работи кои предвидуваат одреден начин на однесување на полициските службеници како во текот, така и надвор на работното време.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-693/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право