Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.177/2014

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 278.22 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 22, 2015
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.177/2014

„(...) Според Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови утврдиле дека тужениот утврдил неправилности дека на образецот за требуван материјал донесен од определен работник за да подигне потребен канцелариски материјал точно определен и специфициран во образецот, тужителот своеволно правел корекции во смисла на промените и преправање на испишани броеви пред и на крајот на бројот за количината на материјалот, потполнувал оставени празни полиња за количина на материјалот што пак доведувало да се појават разлики во примероците од обрасците за требување како и кога констатирал залихи на канцелариски материјал како вишок неевидентиран, што сето претставувало неправилност, односно неисправност, реализација на постапката за требување на канцелариски материјал. Овој суд наоѓа дека наведените повреди се утврдени со две финансиско економски вештачења како и со графолошко вештачење, врз основа на што пониските судови правилно заклучиле дека тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина.

Според овој суд правилно пониските судови го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот да се поништи одлуката број 02-161-120 од 28.07.2011 година на Надзорниот одбор на тужениот со која што одлука одбиен е како неоснован приговорот што го поднел тужителот против одлуката 02-100-700-785 од 15.07.2011 година донесена на Управниот одбор на тужениот, а одлуката на Управниот одбор на тужениот ја потврдил. (...)”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-780/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право