- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 230.80 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 17, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.177/2016
„(...) правилно пониските судови заклучиле дека тужениот не ги докажал основот и причините за донесување на одлуката за отказ, бидејќи не водел правилна евиденција за присутност на работа, што било утврдено и при извршениот инспекциски надзор на ден 06.08.2014 година од страна на инспекторот за труд, па дека во случајов станува збор за незаконит престанок на работниот однос на тужителката, бидејќи доказот врз кој тужениот ја базира одлуката за отказ - извадок од Книгата за работно време која иако е насловена така, не претставува Книга во која на правилен начин се евидентирало присуството на вработените со точно наведено време на доаѓање и одење од работа. Ова од причина што во приложениот извадок од Книгата за работно време за спорниот период од 01.05.2014 година до 31.05.2014 година, во графата име и презиме стои само името и презимето на тужителката, нема наведено дати на деновите во месецот ниту работно време, туку само во долниот дел стои забелешка од управителот дека тужителката не дошла на работа цел месец со негов потпис, потпис од тужителката нема, а нема ни забелешка за задолжено лице за контрола на редовноста и присутноста на работата, со цел да се потврди вистинитоста на внесените податоци.
Оттука, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови со правилна примена на материјалното право, донеле правилна и законита одлука, во која се дадени доволно образложени причини за решителните факти, со кои во целост се согласува и овој суд.”