- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 218.63 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 21, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.256/2014
„Основано се укажува во ревизијата дека од страна на пониските судови погрешно е применето материјалното право, односно одредбата од член 102 став 1 од Законот за работните односи, кога е одлучено тужбеното барање на тужителот во овој дел да се усвои и тужениот да се задолжи да го врати тужителот на работа и работно место на кое бил пред донесување на отказното решение.
Имено, согласно одредбата од член 102 став 1 од Законот за работните односи (“Сл. весник на РМ“ бр. 62/2005...137/2013), ако судот донесе одлука со која е утврдено дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се врати на работа по правосилноста на одлуката, ако тоа го бара.
Имајќи ја предвид содржината на претходно цитираната одредба, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови погрешно одлучиле кога, поништувајќи ја како незаконита одлуката со која на тужителот му е откажан договорот за вработување, го задолжиле тужениот да го врати тужителот на работа, на работно место “чувар на шуми“, на кое тужителот работел пред донесувањето на оспорената одлука. Ова, од причина што претходно цитираната одредба предвидува, во случај на утврдување на незаконит престанок на работен однос, да се задолжи тужениот да го врати работникот на работа, односно враќање на работникот на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, а не предвидува враќање на работникот на точно определено работно место на кое претходно работел. Имено, секој работодавач со свој општ акт ја уредува внатрешната организациона структура на правниот субјект, при што во таквиот акт, меѓу другото, го определува видот и бројот на работните места, потребната стручна спрема за конкретно работно место, бројот на извршителите за определено работно место.”