Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.54/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 534.99 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 21, 2020
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.54/2019

„Врховниот суд на Република Северна Македонија, наоѓа дека (...) пониските судови правилно го примениле материјалното право кога тужбеното барање на тужителот го усвоиле и ја поништиле одлуката за откажување на договорот за вработување па го задолжиле тужениот да го врати тужителот на работа и распореди на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка. По наоѓање на овој суд, судовите правилно постапиле кога ја поништиле одлуката за откажување на договорот за вработување од причина што во неа не е наведено што тужителот одбивал да работи, кога одбивал да работи и кои дејствија конкретно ги презел за непочитување на работната обврска.

Имено, согласно член 85 од Закон за работни односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/2005...бр. 120/2018) одлуката за откажување на договорот за вработување, односно одлуката за изрекување на парична казна задолжително се дава во писмена форма, со образложение на основот и причината за откажување на договорот за вработување, односно причината за изрекување на паричната казна со правна поука.

Врховниот суд на Република Северна Македонија, ги ценеше ревизиските наводи со кои се укажува на тоа дека неправилно судовите утврдиле дека водењето на постапката за отказ е спротивна на одредбите од Законот за работни односи, но за истите најде дека се неосновани. Имено по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија правилно постапиле судовите кога одлучиле како во побиваните пресуди, од причина што тужениот во оспорената одлука само се повикал на одредбите од Законот за работни односи и одредбата од Изјавата за основање на друштвото со ограничена одговорност, но во образложение на истата конкретно не го навел описот на дејствијата со кои е сторена повредата или неисполнување на работните обврски.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1465/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право