Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.11/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 678.81 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 11, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.11/2019

„Во случајот предмет на оцена е законитоста на одлуката за откажување на договорот за вработување од 10.01.2014 година на тужителот, која е донесена во смисла на член 81 став 1, 2, 3 и 4 и 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи поради кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски утврден со закон, Колективниот договор и договорот за вработување, од причина што тужителот на 12.10.2013 година како дел од екипата упатена во Ш. за реализација на директен пренос на Фестивалот М. година не присуствувал на закажаната генерална проба за финалната вечер на фестивалот, а која обврска била предвидена со неделниот план за репортажни коли и студија и со тоа тужителот како лице кое е задолжено за репортажната кола со своето неприсуство на работното место за време на генералната проба оневозможил екипата на тужениот која била упатена во Ш. да се подготви за своите работни обврски и да ги констатира евентуалните недостатоци кои можеле да се отклонат, со што не обезбедил потребни технички услови за директен пренос на Фестивалот М. Ш. на 12.10.2013 година, а како резултат на таквото дејствие тужениот не го реализирал директниот пренос како обврска преземена со договорот со организаторот на фестивалот и на тој начин тужителот предизвикал штета на тужениот и го нарушил угледот на јавниот сервис на тужениот.

Непридржувањето кон планот и неприсуството на генералната проба е причина и основ за отказот на тужителот. Според утврденото произлегува дека во однос на тоа дали тужителот треба да биде присутен на генералната проба или не, не е обврска да одлучува режисерот како што прифаќаат судовите и таа околност не претставува релевантна причина за да биде тужителот ослободен од вината која му се става на товар со оспорената одлука. За тоа дали треба да биде присутен или не тужителот на генералната проба треба да одлучи неговиот претпоставен, а тоа е предвидено и со изготвениот план. Изјавата на режисерот М. Г. на која судот поклонил верба, не значи дека треба да го оправда тужителот за отсуството од генералната проба, која со изготвениот неделен план е определено да биде присутен.

Во конкретниот случај од утврденото произлегува дека тужителот не бил присутен на генералната проба, а основот за отказ е неприсуството на закажаната генерална проба, поради што произлегува дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со оспорената одлука, а тужениот основано ја донел одлуката за отказ на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина во смисла на член 81 став 1 точка 1, 2, 3 и 4 од Законот за работните односи, во врска со член 37 став 1 точка 1, 2, 3, и 4 од Колективниот договор на тужениот, како и член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.129/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право