Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.11/2020

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 504.58 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 22, 2020
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.11/2020

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот, бидејќи утврдиле дека тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина по член 82 став 1 точка 3 и 5 од Законот за работните односи, на начин што тужителот при извршено минирање направил и полнење на дупчотини со помала длабочина и поставил поголемо количество на експлозив, па била исфрлена поголема количина на камења кои што причиниле штета на обработливи површини во близина на местото каде се вршело минирањето, а воедно бил повреден и работник. За вака сторената повреда на работната обврска од тужителот, тужениот по спроведена дисциплинска постапка поради нестручно и неодговорно минирање од страна на тужителот, во која биле утврдени пропустите на тужителот, како и висината на штетата што му ја причинил на тужениот донел одлука за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок согласно член 82 став 1 точка 3 и точка 5, член 83 и член 86 од Законот за работните односи.

Правилно заклучиле пониските судови дека тужителот незаконски и неовластено ги користел средствата за работа и не ги почитувал прописите за вршење на работите при што неодговорно и несовесно се однесувал кон извршување на работните задачи, имајќи го предвид утврденото во фактичката состојба дека и претходно му било предочено и укажано како треба да постапува во конкретниот случај, како и утврденото дека повеќе пати како последица на неодговорно вршење на работните задачи бил дисциплински казнуван.

Ревизискиот навод на тужителот дека спротивно на член 80 од Законот за работните односи не му биле обезбедени потребните услови за работа од страна на работодавачот, односно не му биле обезбедени геолошки и геодетски извештаи за теренот на кој требало да се изврши минирањето, овој суд го оцени како ирелевантен за поинакво одлучување. Ова кога се има предвид дека и самиот тужител во поведената дисциплинска постапка ги признал пропустите во своето работење во врска со предметниот настан.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.139/2020
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право