- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 509.73 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 26, 2019
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.21/2019
„По наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија правилно второстепениот суд го применил материјалното право и согласно одредбите од член 82 став 1 точка 2 од Законот за работните односи го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот. Ова од причина што е утврдено дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, односно неоправдано отсуствувал од работа во периодот од 09.06.2016 година до 30.06.2016 година, поради што Одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина од 04.07.2016 година, донесена врз основа на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, со која му е откажан договорот за вработување на тужителот е правилна и законито донесена.
Неосновани се наводите во ревизијата на тужителот дека тужителот воопшто не потпишал договор за вработување и не е докажано дека тужениот го испочитувал Законот за работни односи во поглед на законската процедура за откажување на договорот за вработување на тужителот, дека е повредена постапката принципот на контрадикторност.
Ова од причина што во конкретниот случај предмет на оцена е одлука донесена поради кршење на работниот ред и дисциплина во смисла на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работни односи, а согласно утврденото повредата е сторена од тужителот. Тоа што пред донесување на одлуката од 04.07.2016 година од Основниот суд Скопје II Скопје била донесена пресуда РО.бр.1232/15 од 18.03.2016 година, со која било усвоено тужбеното барање на тужителот и била поништена одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок од 14.09.2015 година, и бил задолжен тужениот да го врати тужителот на работа и да го распореди на работно место кое одговора на неговата стручна подготовка, која станала правосилна на 09.05.2016 година и извршна на 18.05.2016 година, а тужениот до тужителот доставил известување за враќање на работа на 16.05.2016 година, на 07.06.2016 година донел Одлука за враќање на работник на работа, а со Известување за враќање на работа од 08.06.2017 година го известува тужителот дека го пријавил во Агенцијата ... на РМ на 08.06.2016 година и известувањето било примено од лицето А. Д. кое било потпишано во графата со потпис на ова лице и датум, не влијае на законитоста на донесената предметна одлука.
Според тоа погрешен е заклучокот на првостепениот суд дека со оглед да известувањето не е примено лично од тужителот, тужениот постапил спротивно на Законот за работните односи и неправилно ја поништил како незаконита одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина од 04.07.2016 година, а која е донесена врз основа на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, поради неоправдано изостанување од работа. По однос на примената на законската процедура по конкретниот случај, во обрзаложението на второстепената пресуда се дадени доволно јасни и образложени причини и со истите во целост се согласува овој суд.”