Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.31/19

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 850.78 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 21, 2020
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.31/19

„Во конкретниот случај со оспорената одлука на тужителот му бил откажан договорот за вработување од 05.08.2014 година со кој тужителот бил вработен на работно место Паркинг контрола во Одделението за јавни паркиралишта при сектор за јавни паркиралишта и пајак, поради кршење на работниот ред и дисциплина и работните обврски, со отказен рок од 30 дена согласно член 81 став 1 точка 1, 2 и 3 од Законот за работните односи. Со писмена опомена пред откажување на договорот за вработување од 07.04.2014 година, тужителот бил известен од страна на тужениот дека не е задоволен од начинот на кој ги извршува работните обврски со предупредување дека доколку не го подобри односот кон колегите и претпоставените, како и кон работните обврски утврдени со договорот, ќе се поведе постапка за откажување на договорот за вработување. Воедно на 04.07.2014 година, со одлука за изрекување на парична казна, на тужителот му е изречена парична казна поради неефикасно и неефективно извршување на работните задачи. При спроведувањето на внатрешната контрола за утврдување на неправилности во работењето било констатирано дека тужителот на ден 13.09.2014 година не бил на своето работно место во периодот помеѓу 21.30 часот до 22.30 часот, односно тужителот требал да го покрива секторот К. Видно од извештајот од системот за внесување на дневните паркинг карти (ДПК) е дека на наведениот ден во 21.07 часот тужителот издал налог за дневна паркинг карта, за да потоа во период од три минути од 23.23 часот до 23.26 часот да издаде три налози за дневни паркинг карти од што произлегува дека тужителот во периодот од 21.07 часот до 23.23 часот не извршил контрола на ниту едно од јавните паркиралишта во паркинг секторот каде бил надлежен.

(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го одбиле тужбеното барање како неосновано. Ова од причина што правилни се заклучоците на судовите дека оспорените одлуки се законити. Во случајот тужителот ги сторил повредите, односно несовесно и ненавремено ги извршувал работните обврски во повеќе наврати и постапувал спротивно на налогот и наредбите на тужениот.

Врховниот суд на Република Северна Македонија ги ценеше ревизиските наводи со кои се укажува на тоа дека при донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос тужениот не постапил во согласност со одредбата од член 74 став 2 од Законот за работните односи, но за истите најде дека се неосновани. Ова од причина што одлуката за откажување на договорот за вработување содржи доволно образложени причини кои ги оправдуваат причината и основот за откажувањето на договорот за вработување на тужителот.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.54/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право