- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 576.75 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 9, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.33/2019
„По наоѓање на овој суд, предметната одлука за престанок на работниот однос е незаконита, како што впрочем констатирал и првостепениот суд. Ова од причини што во неа не се наведени основани причини за престанок на работен однос, а тие причини кои се наведени се контрадикторни со утврдените факти. Ова ако се има во предвид фактот дека за периодот од средината на месец мај, месеците јуни, јули и август 2014, за кој во одлуката е наведено дека тужителот неоправдано не доаѓал на работа, тужителот неспорно земал плата. Од друга страна како причина во Одлуката било наведено дека со Правилникот за измена и дополнување на Правилник за организација и систематизација на работни места е укинато работното место на тужителот, а тужителот не се согласил со тоа спогодбено да му престане работниот однос. Во таков случај, по наоѓање на овој суд работодавачот - тужениот имал законска можност и обврска да спроведе постапка за престанок на работен однос поради деловни причини, а не како што постапил во случајов на начин што на работникот - тужителот му ги одзел средствата за работа и му забранил да доаѓа на работа, за да потоа недоаѓањето на тужителот на работа го искористи како основ за престанок на работниот однос во предметната одлука за отказ.”