Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.38/2020

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 847.69 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 6, 2020
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.38/2020

„(...) Во однос на кривичната постапка, постапката за давање отказ на договорот за вработување е самостојна постапка и е регулирана со Закон и Колективен договор поради што и е независна постапка од кривичната постапка. Дека е тоа така произлегува и од образложението на решението за откажување на договорот за вработување поради кршење на работна дисциплина од тужителот каде е наведено дека тужителот постапил спротивно на член 11 став 2 и член 102 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи (Сл. весник на РМ бр. 149/07) каде е утврдено дека полицискиот службеник за секоја добиена информација изготвува службена белешка која ја доставува до непосредниот раководен полициски службеник, спротивно на член 2 став 1, 3, 9 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници каде е утврдено да согласно службеното својство треба да постапува во склад со Уставот, Законите и другите прописи, да го чува својот углед и угледот на Полицијата и Министерството и да се придржува кон Кодексот на полициската етика, спротивно на член 20 став 2 од Кодексот на полициската етика во смисла на почитување и унапредување на степенот на полициска култура, согласно стандардите на однесување предвидени во законите и подзаконските акти. Притоа во решенито за отказ е посочено дека со прекршување на Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, Правилникот за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници и Кодексот на полициската етика, тужителот постапил спротивно на чл. 207 став 1 точка 8, 9, 12 и 15 од Колективниот договор на МВР на РМ.

Предвид на изнесеното, неоснован е ревизискиот навод да пониските судови требало да ја прекинат парничната постапка по овој предмет до правосилно завршување на кривичната постапка. Правилно оцениле пониските судови да независно од исходот на кривичната постапка, однесувањето на тужителот претставува кршење на работен ред и дисциплина од потежок вид во контекст на својството на тужителот како полициски службеник што налага особено почитување на правилата за однесување утврдени во горе наведените акти и што кривичната постапка, како што е наведено и погоре не го исклучува водењето на дисциплинската постапка.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.бр.120/2019-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право