- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 514.99 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 24, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.47/2019
„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, правилно второстепениот суд го применил материјалното право, кога повикувајќи се на одредбите од член 141 став 1 точка 8 од Законот за внатрешни работи и член 36, член 38 став 4 и член 41 став 1 алинеја 2 од Правилата за однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни овластувања и должности во РМ, го одбил како неосновано тужбеното барање, а со оглед дека во текот на постапката неспорно е утврдено дека тужителот без особена потреба и без одобрение на претпоставениот се оддалечил од местото за вршење на контролата на патниот сообраќај со што постапил спротивно на правилата и прописите кои го регулираат начинот на работење на тужениот и сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, па во таа насока се работи за законит престанок на работниот однос.
Оттука, неосновани се ревизиските наводи на тужителот дека второстепениот суд погрешно го применил материјалното право кога одлучил на наведениот начин, со оглед да во конкретниот случај тужителот се оддалечил од работното место по претходен договор со сведокот Б. кој му бил претпоставен, а ако се има во вид неспорно утврденото дека и ова лице заедно со тужителот се оддалечило од местото кое било определено во наредбата за вршење на служба издадена од командирот З. Р.
Воедно, неосновани се наводите во ревизијата дека второстепениот суд, повикувајќи се на околноста дека тужителот од паркингот на бензиската пумпа М. го земал сопственото возило, погрешно прифатил дека тој сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, а со оглед дека тужителот воопшто не отишол за В. бидејќи сведокот Б. за многу краток временски период му јавил дека треба да се повлечат во ПС С. Овој суд укажува дека околноста дали тужителот отишол во В. или не е без влијание во конкретниот случај бидејќи повредата која му се става на товар на тужителот е сторена со самиот чин на оддалечување од работното место без особена потреба, односно без одобрение на претпоставениот.”