- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 869.36 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 11, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.70/2020
„(...) Исто така, во конкретниот случај не станува збор за сторена повреда, злоупотреба на боледување, бидејќи злоупотреба на боледувањето значи дека за времетраењето на боледувањето болниот не постапувал по лекарските упатства, на пример не ја користел пропишаната терапија, лекување, односно работел, стопанисувал и слично, што би влијаело на заздравувањето. Со тоа што тужителката имала преписки со клиенти, а за потребите на конкурентска фирма „М. ц. 1991“ не ја сторила повредата злоупотреба на боледување, туку сторила некоја друга повреда од Законот за работните односи, меѓутоа договорот за вработување не и бил откажан поради други повреди.
Од погоре наведеното и по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, произлегува дека правилно заклучил второстепениот суд дека во случајот тужителката не ги сторила повредите на работните обврски од член 82 став 1 точка 1 и 2 од Законот за работни односи. Имено, тужениот не докажал дека тужителката извршила злоупотреба на боледувањето, односно спротивно на насоките и лекарските упатства, извршувала дејствија кои не смеела да ги извршува согласно нејзината здравствена состојба, поради што правилно одлучил второстепниот суд кога ја преиначил одлуката на првостепениот суд и го усвоил тужбеното барање на тужителката.”