Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.77/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 525.34 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 3, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.77/2018

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Северна Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот и ја поништиле како незаконита Одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок број 02-816 од 24.03.2016 година донесена од страна на тужениот наоѓајќи дека тужителот не ги сторил дејствија што му се ставаат на товар, односно не одбил да постапи по извршување на работни налози добиени од страна на непосредно претпоставениот раководител кои се во согласност со Договорот за вработување и КД на тужениот, со што и не се однесувал непристојно кон претпоставените. Постапката на тужителот со тоа што не се јавил кај извршниот директор иако бил известен дека тоа треба да го стори од страна на непосредниот раководител и иако бил повикан од извршниот директор со образложение дека знае зошто го повикува, и според овој суд не претставува основ за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина во смисла на одредбите од чл. 82 ст. 2 од Законот за работните односи и чл. 122 ст. 1 т. 9 и 20 од КД на тужениот.

Имено, по наоѓање на овој суд правилно пониските судови прифатиле дека тужителот не сторил кршење на работниот ред и дисциплина, односно не одбил да постапи по извршување на работни налози добиени од страна на непосредно претпоставениот раководител, кои се во согласност со Договорот за вработување и КД на тужениот. Тужениот во текот на постапката во смисла на чл. 205 од Законот за парничната постапка, не изнел факти и не предложил докази во поткрепа на наводите дека, на критичната дата 21.03.2016 година, тужителот бил повикан кај извршниот директор, заради негов ангажман во друг погон, односно, во т.н. нова фабрика, ниту пак доставил доказ - писмен работен налог, со конкретни работни задачи, кои тужителот одбил да ги изврши, на кој начин истиот би сторил кршење на работиот ред и дисциплина. Заради наведеното и по наоѓање на овој суд, правилно пониските судови застанале на ставот дека тужениот не докажал дека тужителот одбил извршување на работен налог добиен од страна на непосредно претпоставениот раководител, кој е во согласност со договорот за вработување и КД, на кој начин, и непристојно се однесувал спрема извршниот директор и непосредниот раководител.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-113/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право