- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 522.45 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 6, 2020
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.105/2019
„(...) според овој суд правилно пониските судови застанале на ставот дека со оглед да тужителот постапил спротивно на утврдените правила на тужениот, односно ги пречекорил своите овластувања предвидени со колективниот договор на начин што од корисници на тужениот во неколку наврати постапувал спротивно на дејствијата за извршување на работниот ред и дисциплина, односно согласно описот и пописот на работните задачи тужителот немал право да врши наплата и да побарува пари, за што дисциплинската комисија констатирала неправилност во работењето на тужителот, па и покрај тоа што бил должен по извршената контрола да го регулира водоводниот приклучок на корисниците, тоа не го сторил, правилно постапил тужениот кога согласно чл. 82 ст. 1 т. 5 од Законот за работните односи ја донел предметната одлука. Тужителот со тоа што не го пријавил водомерот на двајцата корисници и состојбата на водомерот, што била негова обврска согласно описот и пописот на задачите, го прекршил работниот ред и дисциплина и сторил потешка повреда на работните задачи.
Врховниот суд на Република Северна Македонија ги ценеше наводите на тужителот дека во текот на постапката од страна на пониските судови воопшто не било утврдено дека тужителот намерно или со крајно невнимание му предизвикал штета на тужениот, но најде дека се неосновани. Ова од причина што при неспорно утврдено дека тужителот и покрај тoа што бил должен по извршената контрола да го регулира водоводниот приклучок на корисниците, а кое нешто не го сторил и притоа согласно описот и пописот на работните задачи тужителот немал право да врши наплата и да побарува пари, а видно од исказите на сведоците истото го правел, тужителот овозможил неправилно, нецелосно или воопшто неевидентирање на потрошената вода од страна на корисниците, а кое нешто директно има влијание врз висината на сумата за наплата од страна на корисниците на услугите на тужениот, поради што неспорно упатува на фактот дека била предизвикана штета на тужениот. По однос пак на наводите дека судовите не утврдиле дали тужителот земал пари од корисниците, овој суд наоѓа дека пониските судови ценејќи ги доказите изведени во текот на постапката особено исказите на корисниците утврдиле дека тужителот земал износ од 100 евра, иако не смеел ниту пак издал фактура или било каков документ дека примил пари од корисник што укажува дека била сторена повреда на одредбите предвидени во КД кај тужениот и Законот за работните односи класифицирани како потешка повреда на работниот ред и дициплина, а на кој се повикал тужениот во одлуката за откажување на договорот за вработување.”