Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.125/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 542.72 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 10, 2020
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.125/2018

„Врховниот суд на Република Северна Македонија, наоѓа дека правилно пониските судови го примениле материјалното право, кога го усвоиле тужбеното барање на тужителите и ги поништиле како незаконити Одлуките за откажување на договорот за вработување број 090/0401, 091/0401 и 089/0401, сите од 29.12.2016 година и Одлуките по приговорите 096/0401, 097/0401 и 099/0401 од 17.01.2017 година, бидејќи правилно заклучиле дека во случајов не се исполнети законските претпоставки од член 72, член 74 и член 81 став 1 точка 1 од Законот за работни односи. Ова, со оглед на утврденото дека тужителите на спорните денови редовно доаѓале на своето работно место - магацинот, но дека од страна на работодавачот им било оневозможено да ги извршуваат своите работни задачи, бидејќи магацинот бил затворен, што е утврдено и од исказот на трудовиот инспектор кој изјавил дека магацинот е затворен и не работи, па надзорот е спроведен во друга подружница, а работодавачот не ги известил тужителите каде да се јават на работа, како и неуредната евиденција на тужениот за присуство на работа, за да може да утврди дали тужителите отсуствувале од работа. Оттука, и по оценка на овој суд произлегува правилниот заклучок на судовите дека тужениот не ја докажал основаноста на причината поради која на тужителите им бил даден отказот, односно не докажал дека ја сториле повредата која им се става на товар, па дека побиваните решенија се незаконити и спротивни на одредбите од Законот за работни односи.

Неосновани и без влијание за поинакво одлучување се ревизиските наводи на тужениот дека во спорните денови вработен на тужениот, извршувал работни задачи во подржницата бр. 14 - магацинот во кој работеле тужителите и дека тие во наведените денови не доаѓале на работа, од причина што веќе биле истакнати и ценети од страна на пониските судови и за нив има дадено доволно образложени причини во побиваните пресуди, со кои во целост се согласува и овој суд. Ова особено во делот на заклучокот на судовите, а кој неспорно произлегува од изведените докази, дека записниците за присуство на работа во подружницата бр. 14, се заведени кај тужениот со архивски броеви поголеми од архивските броеви на одлуката за отказ и на одлуката по приговорот, од што и по оценка на овој суд произлегува дека се изготвени после одлуката за отказ.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.122/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право