Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.135/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 859.76 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 17, 2019
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.135/2018

„Врховниот суд на Република Северна Македонија наоѓа дека второстепениот суд правилно го применил материјалното право, кога ја преиначил првостепената пресуда, наоѓајќи дека во конкретниов случај се работи за отказ на договор за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок, па битно е дали работникот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, без разлика на висината на материјалната штета која е предизвикана, а кои околности во конкретниот случај се докажани во целост.

По наоѓање на овој суд, неоснован е ревизискиот навод дека тужителот не предизвикал никаква штета на тужениот со оглед да тужителот на крајот на работното време го предал вишокот парични средства. Имено, при неспорно утврдено дека тужителот при извршувањето на работните задачи постапувал спротивно на Правилникот за работа во Одделението за наплата на патарина, поради што и остварил вишок, кој пак е утврден со контролата на остварениот промет кај тужителот, правилен е заклучокот на второстепениот суд, дека тужителот ги сторил повредите, а поради кои му е даден отказот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-152/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право